ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена е непрофитна, инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа  која се стреми да го зајакне независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики, со цел да ги поттикне процесите на демократизација во културата и пошироко, во општеството и во граѓанскиот сектор.

Датум на објавување: 14 Јануари 2019

ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на директор на Установата од областа на културата Културно социјален простор ЦЕНТАР - ЈАДРО Скопје

Врз основа на член 16 од Статутот Установата од областа на културата КСП ЦЕНТАР- ЈАДРО се распишува:

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на директор на Установата од областа на културата Културно социјален простор ЦЕНТАР - ЈАДРО Скопје

За директор на Установата може да биде избрано лице кое ги исполнува следните услови:

- високо стручно образование од општествени или хуманитарни науки;
- три години работно искуство во дејноста на независна култура;
- стручни, работни и организациски способности;

Покрај општите услови утврдени според статутот директорот треба да ги достви следните документи:

1. Државјанин на Република Македонија;
2. Има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование високо стручно образование од општествени или  хуманистички науки утврдено со статутот на установата;
3. Има минимум три години работен стаж во областа, или три години работно искуство во дејноста на независна култура или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за дело;

Дополнителни документи:

1. Предлог програма за работа и  за развој на установата не поголема од 5 страни;
2. Биографија / CV, со две реферeнци;
3. Мотивациско писмо на македонски јазик;
4. Доказ за минимум три години работен стаж во областа, или три години работно искуство во дејноста на независна култура или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за дело;

Потребни знаења и вештини:

1. Искуство во работа на проектни, финасиски и административни позиции;
2. Искуство во подготовка на наративни и финансиски извештаи;
3. Одлично познавање на Microsoft Office алатките;
4. Познавање на административно/техничките процедури;
5. Одлични комуникациски вештини;
6. Високо ниво на говорен и пишан Англиски јазик;
7. Способност за непречена комуникација со организации и донатори;
8. Членување во Асоцијацијата на независна културна сцена Јадро ќе се смета за предност. 

Рок и начин на пријавување: Сите заинтересирани кандидати и кандидатки треба да ги достават потребните документи најдоцна до 16:00 часот последниот ден од огласот (03.02.2019 година), на електронската адреса: centar.jadro@gmail.com со наслов/назнака: "За избор на директор КСП Центар-Јадро"

Огласот трае 21 ден од денот на објавувањето.

Начин на селекција: Кандидатите и кандидатките кои ќе бидат селектирани во прв круг, ќе бидат поканети на интервју. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. За резултатите од огласот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.
Само кандидатите и кандидатките кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.
КСП Центар-Јадро го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека истото е потребно.             


Линк за достапни документи: 

СТАТУТ на Установата од областа на културата Културно Социјален простор ЦЕНТАР ЈАДРО - Скопје

>>> ПРЕВЗЕМИ